Сеправославна светска електронска библиотека (18.11.2006)
На иницијатива на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Димитриадос, г. Игнатиос, во Волос (Грција), започна работата на изготвувањето на сеправославна светска електронска библиотека, којашто на целиот свет ќе му биде достапна преку Интернет.
Екипата, која што веќе работи на проектот, финансирана е исклучиво од Митрополијата на Димитриадос и од православни верници со благочестива намера. Во проектот ќе соработуваат и големи специјалисти, познати имиња во православното богослови низ светот. Идејата на организаторите е базата на податоци да биде апсолутно достапна и бесплатна за сите, за да им служи на учениците и верници низ целиот свет, независно каде се наоѓаат. На тој начин ќе се надминат и мноштвото проблеми околу снабдувањето со литература, како и одбегнувањето на многуте платени сајтови за религиозна литература на Запад, кои ги препродаваат мноштвото книги на православни автори со повисоки цени отколку што тие навистина чинат.
Известува: Pravoslavie.bg