Средба на Романскиот патријарх со поглаварот на Православната Црква на Чешка и Словачка
 
 
 
 
 

Средба на Романскиот патријарх со поглаварот на Православната Црква на Чешка и Словачка (05.12.2006)

На 29 ноември во Патријаршиската резиденција, Неговата Светост, романскиот патријарх Теоктист го прими Архиепископот на Прага и Митрополитот на Чешка и Словчка г. Христофор. Поглаварите на двете помесни православни Цркви дискутираа за братските билатерални односи кои започнаа интензивно да се развиваат во годините после падот на комунизмот, a благодарение на ерарсите и монасите на Романската Православна Црква кои го подигнаа манастирот во Вилемов во Чешка.

При оваа средба се дискутираше и за намерата на Архиепископот Христофор за изградба на нова црква со помош на Романската Патријаршија и на Министерството за одбрана на Романија. Планирано е црквата да биде изградена во марамурешенски стил во Мост (близу Прага) во чест и спомен на сите романски војници кои загинале на територијата на Чешка.

На 30 ноември 2006 година, на денот на свети Андреј, апостолот на Романците, Архиепископот Христофор отслужи Архиерејска Божествена Литургија во сослужение со Неговата Преосветеност г. Јован, епископот на Ковасна и Харгита, во манастирот Фаџецел во областа Хагита (Романија).

Известува: http://www.patriarhia.ro/Stiri/2006/126.html