Вонредно заседание на Светиот Синод и Совет на Митрополитите на Православната Црква во Америка
 
 
 
 
 

Вонредно заседание на Светиот Синод и Совет на Митрополитите на Православната Црква во Америка (16.12.2006)

За првпат во десет години се одржува заседание на Светиот Синод на Епископите и Совет на Митрополитите на Православната Црква во Америка. Дводневното вонредно заседание кое се оддржа на 12-13 декември во Сиосет, Њу Јорк, беше одговор на сè поголемата загриженост за финансиската ситуација во Црквата. Заседанието заврши со официјална изјава во која се наведува дека се пронајдени финансиски нерегуларности: заобиколени процедури со административни и финансиски контроли од 1998 година па наваму, многубројни неосновани подигања на големи суми, документирани се злоупотреби на лица со кредитни картички на црковните фондови, прикажување на неточни финансиски извештаи итн. Митрополитот Герман оформи специјална Комисија, која во соработка со одредена адвокатска институција ќе направи истрага после која на Митрополитскиот Совет ќе му бидат презентирани истражениете резултати.

Известува:  Orthodox Church in America