Цариградскиот патријарх во Старзбург
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх во Старзбург (23.01.2007)

Во неделата, на 21 јануари, во присуство на Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј, беше отслужена Утрена служба и Божествена Литургија во црквата на свети Павле во Стразбург. Претставници на градските власти, дипломатски и верски претставници од градот и две илјади верници од сите православни заедници во градот и нивните свештеници присуствуваа на службите. Меѓу присутните имаше и мноштво верници од Алзас, Лорен и Германија. На крајот од службата патријархот им подели нафора на присутните верни.

Во своето обраќање Митрополитот Емануил ја нагласи важноста од напорите во обединувањето на припадниците на разните православни јурисдикции во регионот. Оваа пројава на единство на Православната Црква е плод на долгогодишното залагање на Соборот на православните Епископи на Франција. Потоа Цариградскиот патријарх одржа говор, најпрвин на грчки, а потоа и на извонреден француски јазик, во кој им се заблагодари за присуството како на православните верници од различно потекло, така и на припадниците на другите христијански конфесии. Неговата Светост изрази надеж дека ќе го доживее денот кога ќе биде остварено полно единство на различните христијански Цркви и заедници. По Божествената Литургија беше организирана трпеза на љубовта од страна на грчката парохија на светите Три Ерарси, чиј старешина е о. Христо Филотис, професор на Богословскиот факултет во Солун.

 

 

 

                                                  

 

 

Известува: Orthodoxie.org