Одговор на Цариградската патријаршија на претензиите на Атина
 
 
 
 
 

Одговор на Цариградската патријаршија на претензиите на Атина (25.01.2007)

Во врска со неодамнешниот обид на Атинската архиепископија да ги реши со административен акт (решението на Светиот синод на Грчката Православна Црква од 15 јануари 2007 г.) несогласувањата со Цариградската патријаршија околу епархиите во Северна Грција, вклучувајќи ја и Солунската митрополија, во синодална одлука од 19 јануари 2007 г. Светиот помесен синод на Цариградската патријаршија во Константинопол соопшти дека решението за автокефалноста на Грчката Црква, а посебно статусот на т.н. „Нови земји“ (т.е. епархиите во Северна Грција, кои влегоа во составот на Грчката држава помеѓу 1912 и 1918 г., во нејзина јурисдикција), донесено на 4 септември 1928 г., засега не може да биде променето.

 

Во одлуката на Цариградската патријаршија се вели дека таа ја почитува автокефалноста на Атинската архиепископија, но и дека со решенија наметнати од световната власт на световен начин, не може да се решаваат црковните спорови. Потребна е општа согласност и почитување на каноните, како и на историските факти, создадени во текот на вековите - се подвлекува во документот.

 

Известува: http://www.ec-patr.org/docdisplay.php?lang=gr&id=754&tla=gr