Документарно-игран филм за животот на авва Јустин Келиски
 
 
 
 
 

Документарно-игран филм за животот на авва Јустин Келиски (12.02.2007)

Во Ваљево овие денови завршува снимањето на документарно-играниот филм за животот и работата на о. Јустин Поповиќ, кој долги години беше духовник во манастирот Келии кај Ваљево. Режисер на филмот е ѓаконот Ненад Илиќ, кој веќе го режираше документарниот филм за  Владиката Николај (Велимировиќ).

Најавено е дека филмот за еден од најголемите духовници и богослови од минатиот век ќе биде премиерно прикажан на 25 март 2007 година.

Филмот ќе се одликува со бројни изјави на современици на авва Јустин, а воедно ќе биде и прв целовечерен православен филм во кој компјутерските и електронските средства ќе бидат во служба на Преданието. Овој филм покрај биографското за авва Јустин, ќе го опише и целиот историски период во кој аввата живееше.

 

Отец Јустин (Поповиќ) е роден на празникот на Благовештение на Пресвета Богородица (25 март по стариот календар) 1894 година, во Врање, од побожни православни родители Спиридон и Анастасија. Семејството на отец Јустин инаку води потекло од светиниколско, Македонија.

 

известува: http://spc.org.yu/Vesti-2007/02/07-02-07-c.html#ava