Грчката Црква организираше семинар против нарко-зависноста
 
 
 
 
 

Грчката Црква организираше семинар против нарко-зависноста (22.02.2007)

На 13 февруари, во Атина, Институтот на Атинската Архиепископија за психо-социјална помош на младите организираше семинар за превенција на зависност од наркотици.

Идејата на организаторите беше да достават до парохиските храмови програми по вероучение за борба против употребата на наркотици, која во Грција е огромен проблем бидејќи земјата има многу пристаништа, преку кои наркотиците најбрзо влегуваат и наоѓаат брз пазар.

Откако долгогодишната активност на властите во ограничувањето на употребата на наркотици не успеа да се справи со овој проблем, Црквата во Грција сега подготвува програми за борба со наркотиците по парохиите, каде што заедниците се помали и проблемот може многу полесно да се открие и да бидат преземени навремени мерки. На семинарот учестуваа вероучители, свештеници, претставници на власта, лекари и други.

 

Известува: http://www.archdiocese.gr/greeknews/default.asp?id=284