Недела на Православието во Грција
 
 
 
 
 

Недела на Православието во Грција (24.02.2007)

Утре, на 25 февруари 2007 година, во првата недела од Великиот пост, Православната Црква го празнува возобновувањето на почитувањето на светите икони – триумф на Православието. Со овој празник се одбележува настанот од 842 година, кога иконоборството беше отфрлено од царицата Теодора и незјиниот син Михаил ІІІ и Цариградскиот патријарх Методиј Исповедник.

Во рамките на свеченостите, денес, 24 февруари 2007 година во 18 часот, во собониот храм во Атина ќе биде отслужена Голема празнична вечерна богослужба, во присуство на Неговото Блаженство архиепископот Христодул и со учество на членовите на Светиот Синод на Грчката Православна Црква. Празничната вечерна ќе ја отслужи Неговото Високопреподобие архимандрит Теофил Манолатос, главен архивар на Светиот Синод.

Во неделата на Православието, во соборниот храм на Атина ќе биде отслужена архиепископска и синодална Божествена Литургија, во присуство на Архиепископот Христодул. Со празничната Литургија ќе чиноначалствува митрополитот на Александруполис г. Антим. На Божествената Литургија ќе учествуваат свештеници и од другите помесни православни Цркви кои во моментов се наоѓаат во Грција. Пред отпустот ќе биде извршена Литија со свети икони, во спомен на празничната литија при возобновувањето на почитта кон иконите во 842 година.

 

известува: Ecclesia.gr