Поглаварите на Руската и Грузиската Православна Црква сослужуваа во московскиот соборен храм
 
 
 
 
 

Поглаварите на Руската и Грузиската Православна Црква сослужуваа во московскиот соборен храм (06.03.2007)

Во неделата на 4 март, во втората седмица од Великиот пост, посветена на светиот архиепископ Солунски Григориј Палама, патријархот Московски и Руски Алексиј II и патријархот Грузиски и архиепископ Мцхетски и Тбилиски Илија II отслужија Божествена Литургија во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва, во сослужение со повеќе архиереи од двете Цркви.

 

                   

 

Меѓу оние што се молеа на Литургијата беа членови на делегацијата на Грузиската Православна Црква, претставници на амбасадата на Грузија во Москва и членови на грузиската дијаспора во народни носии, раководителот на ЦНЦ „Православна енциклопедија“ С.Л. Кравец и други.

По завршувањето на Литургијата, двајцата патријарси разменија подароци.

Телеканалот „Русија“ соопштува дека Рускиот патријарх Алексиј ја истакнал големата важност на заедничкото сослужување. „Меѓу православните христијани на Русија и Грузија нема никакви поделби. Ние сме едно стадо Христово, се молиме и ќе продолжиме да се молиме усрдно единството на нашите народи во верата да помогне во возобновувањето на добрососедските односи и соработка меѓу нашите земји. Се надеваме дека нашите црковни братски врски ќе помогнат во зацврстувањето на врските меѓу нашите народи и нашите земји“, рече патријархот Алексиј.

 

 

                          

 

Грузискиот патријарх Илија, од своја страна, повторно го покани патријархот Алексиј да ја посети Грузија. Посетата најверојатно ќе биде остварена, но во Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија сѐ уште не можат да посочат конкретна дата.

 

известува: Patriarhia.ru