Санкт Петербург
 
 
 
 
 

Санкт Петербург (08.03.2007)

На 22 февруари 2007 година, судот во Санкт Петербург го одби барањето на 16-годишната ученичка Марија Шрајбер, а нејзиниот татко, Кирил Шрајбер, изјави дека ќе вложи жалба на судската одлука до Апелациониот суд. Инаку, делото „Шрајбер против Дарвин“ за првпат беше разгледано пред судот на 25 октомври минатата година.

 

Марија Шрајбер и нејзиниот татко Кирил Шрајбер поведоа процес против Министерството за образование на Русија заради нарушување на човековите права преку наметнувањето на теоријата на Дарвин како единствена вистина во училиштата за општо образование. Тие сметаат дека на учениците треба да им се предава како еволуционистичката теорија на Дарвин, така и креационистичката теорија (учење според кое светот е создаден за 6 дена, во согласност со текстот на Библијата). Според тужителите, теоријата на Дарвин е лажна бидејќи „не е потврдена од научни факти, било во форма на научен експеримент или на археолошки наоди“. За нив таа е антирелигиозна, антинаучна и основана „на марксистичко-ленинистичките идеолошки принципи“.

 

Секретарот за прашања во врска со црковно-општествените односи на Московската патријаршија, о. Михаил Дудко го изјави следното во врска со судскиот процес:

„Хипотезата на Чарлс Дарвин е во противречност со христијанскиот поглед на светот, според кој светот бил создаден, а не се формирал по пат на природна еволуција. Се разбира, теоријата на еволуцијата има право да постои и да се предава во училиштата, но не и како единствена верзија за потеклото на светот. Секако подобро е тие прашања да се решаваат без обраќање до судските инстанци. Но и таквата форма, при која верниците ги заштитуваат своите права пред судот, има право на постоење.

 

Известува: CNews