Смртта и победата над неа беа тема на Пасхалното обраќање на Цариградскиот патријарх Вартоломеј
 
 
 
 
 

Смртта и победата над неа беа тема на Пасхалното обраќање на Цариградскиот патријарх Вартоломеј (11.04.2007)

„Христос воскресна! Повторно го слушаме овој радосен поздрав во нашите христијански заедници. Но во многу други средини не размислуваат за тоа, не ѝ придаваат важност на во полност конкретната тема на смртта и живеат небаре смртта и не постои а воскресението нема смисла. Стравот од смртта особено силно го чувствуваат оние што се соочиле со проблемите на болеста или староста, дури и ако се обидуваат на секој начин да го загушат; тој го лишува од спокој нашиот разум, ја исполнува душата со ирационална растревоженост и понекогаш води до самоубиство, зашто постојаното чувство на заканувачка опасност станува неподносливо. Христовото воскресение му стави крај на тој страв. Смртта оттогаш не владее над животот; таа не е неизбежен крај на нашето суштествување. Стравот од смртта исчезна за сите кои посакуваат да Го следат Христа.

На многумина и денес овие зборови им изгледаат ’празни’. Жителите на Атина, слушајќи го апостол Павле, кој им говорел за воскресението од мртвите, го исмеаја саркастично велејќи: другпат сакаме да слушнеме за тоа. Дури и апостолите, кои од Господа слушнаа дека Тој ќе воскресне на третиот ден, се сомневаа кога од жените мироносици ја дознаа веста за Воскресението Господово. А сепак смртта и воскресението на Господа се реалност која ја гледаме не само во црквите, на изобразувањата на Голготската жртва, туку и во животот на Светиите, оние старите како и современите. Смртта веќе не е затвор за душите, состојба лишена од надеж. Цврстите ѕидини на смртта се срушени, вратата развалена и секој што Го следи Христос може да се врати во живот заедно со Христос.

Верувајте браќа и чеда, имајте надеж! Ослободете се од стравот пред смртта и од световните грижи, зашто за верните како вас нема веќе смрт. Само очистете ги вашите души и тела и вбројте се меѓу оние што врват по Христа, Кој е и ваше лично воскресение. Христос воскресна и сите вие можете да воскреснете, радосната вест за воскресението е вест за вас, а не нешто вам туѓо, што нема врска со вас. Треба да бидете исполнети со радост кога велите Христос воскресна! Зашто Тој Навистина воскресна!, и ние сите совоскреснавме со Него. 

 

Известува: www.patriarhia.ru