Осветување на свето Миро во Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Осветување на свето Миро во Романската Православна Црква (21.04.2007)

На Велики четврток од Страсната седмица, 5 април 2007 година, Романскиот патријарх Теоктист заедно со членовите на Светиот Синод на Романската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Спиридон Нови во Букурешт. На Светата Литургија беше осветено свето Миро. Светото Миро беше приготвено во почетокот на Страсната седмица во парклисот на свети Јован Крстител,  манастирот Антим - Букурешт, со исполнување на сите за тоа одредени литургиски правила. Светото Миро се употребува за тајната на Миропомазанието, за осветувањето на црквите, за осветувањето на олтарите, антиминсите и при повторно примање во православната вера на оние што отпаднале.

 

                      

 

 

 

                     

 

 

На крајот од Божествената Литургија патријархот Теоктист одржа беседа во која ја истакна важноста на светото Миро и на овој настан: „Не отсуствува светото Миро од ниеден дел од нашиот живот, животот на Православната Црква. Денеска ја имавте радоста да го видите тоа што вашите очи не го виделе и да го чуете она што вашите уши не го слушнале досега. Денес е голем и значаен ден што го доживува нашата Црква и нашиот романски народ. Не постои христијанин, не постои божествено дејствување без печатот на Мирото кое е елеј на радоста, на животот, на надежта, на иднината. Денешните литургиските песни, соборот на светите архиереи и светото Миро нѐ преобразуваат, нѐ пренесуваат од тука во небесните живеалишта. Го молам добриот Господ, по молитвите на свети Спиридон да нѐ удостои да Го љубиме повеќе отколку овој свет, колку и да е привлечен. Да го љубиме нашиот ближен повеќе од самите себеси, да се молиме за непријателите и да се молиме за тие што не можат да се молат.“       

 

извор: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007040525