Грција
 
 
 
 
 

Грција (22.04.2007)

Синодската служба на Светиот Синод на Грчката Православна Црква и Министерството за развој на туризмот на 20 април 2007 година го изложија новиот проект за државно финансирање на религиозниот туризам, со што во наредните 3 години ќе се отворат над 800 000 работни места. За оваа цел ќе се одделат неколку милијарди евра за инфраструктурата, која ќе го опслужува проектот. Во наредните 3 години се очекува само од религиозниот туризам да се оствари 18 процентно зголемување на целиот туристички проток во земјата.  

Благодарение на новата програма ќе се зголеми и стандардот на живот во далечните мали населени места, главно во планинските и полу-планинските предели, кои и сега се тешко достапни и непривлечни за инвестиции. Програмата ќе биде во согласност со друга програма, започната пред 1999, која беше формирана по повод 2000 години од раѓањето на Господ Исус Христос.

 

известува: Ecclesia.gr