Српскиот патријарх Павле на закрепнување
 
 
 
 
 

Српскиот патријарх Павле на закрепнување (24.04.2007)

Делегација на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква вчера го посети Српскиот патријарх Павле, кој се наоѓа на закрепнување во Специјална болница за рехабилитација „Бања Ковиљача“. Делегацијата ја прими Епископот Шабачки г. Лаврентиј.

Делегацијата на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква беше составена од Митрополитот загрпско-љубљански и на цела Италија г. Јован, Епископот зворничко-тузлански г. Василиј,  Епископот Тимочки г. Јустин и Епископот милешевски г. Филарет како и секретарот на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, протоереј-ставрофор Саво Б. Јовиќ.

Патријархот Павле се чувствува добро и ги извршува своите должности.


известува: СПЦ

 

P.S.

Да се помолиме за Српскиот патријарх Павле.

Од редакцијата на официјалниот сајт на Македонската Православна Црква