Митрополитот на Чешка и Словачка Христофор во официјална посета на Грузија
 
 
 
 
 

Митрополитот на Чешка и Словачка Христофор во официјална посета на Грузија (25.04.2007)

Од 2 до 8 мај 2007 година, Митрополитот на Чешка и Словачка г. Христофор ќе биде во официјална посета на Грузија. Во рамките на посетата на Грузија, Митрополитот Христофор ќе се сретне со Грузискиот патријарх Илија II, ќе ги посети црквите и манастирите во Мцхета и Тбилиси, ќе земе учество во богослужбите во манастирите Бодбе, Греми, Алаверди, во манастирскиот комплекс Давид Гареџи, а исто така ќе се запознае со експонатите на Музејот на уметноста и Институтот на рукописи.

                             

На празникот на свети Георгиј Победоносец, поглаварите на двете помесни Православни Цркви заедно ќе богослужат.

На 5 мај, во тбилискиот храм Кашвети ќе се одржи празнично бдение, а на денот на празникот, на 6 мај, во соборниот храм на Света Троица ќе биде отслужена Божествена Литургија.

известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/232087.html