За првпат по две децении на изложба е претставен познатиот „Синајски кодекс“
 
 
 
 
 

За првпат по две децении на изложба е претставен познатиот „Синајски кодекс“ (29.04.2007)

Светињата е претставена во рамките на изложба отворена во центарот на главниот град на Велика Британија, составена од уникатни експонати од Британската библиотека.

„Синајскиот кодекс“ (Синајска Библија), пронајден во средината на 19 век во православниот манастир на света Екатерина на Синајската гора, долго време се чувал во колекцијата на руските цареви во Ермитаж. Но, во 30-тите години од минатиот век кодексот бил продаден во странство. Ракописната книга на грчки јазик, напишана во 4 век, претставува најстар од сочуваните целосни преписи на Светото Писмо, кој ги вклучува сите четири Евангелија.

Синајската Библија, како што подвлекуваат локалните експерти, за првпат е изложена во последниве дваесет години.

известува: Патриархия.ru