Конечно повлекување на патријархот Павле од патријаршискиот престол? (07.05.2007)
Митрополитот Загрепско-љубљански г. Јован привремено ќе ги извршува должностите на Српскиот патријарх Павле. Такво решение беше донесено на последната седница на Светиот Синод на Српската Православна Црква.
Синодалната одлука е последица на тоа што 92-годишниот патријарх се наоѓа во болница и не може да ги исполнува своите должности. Според Уставот на Српската Православна Црква во тој случај функцијата преминува на најстариот од архиереите.
Според дневниот весник „Блиц“ одлуката на Синодот важи сѐ додека патријархот одново не ги преземе должностите или доколку Светиот Синод одлучи поинаку. Весникот исто така прави претпоставки дека одредени кругови во Синодот планираат да притиснат патријархот Павле дефинитивно да биде сменет на седницата закажана за 14 мај.
Патријархот Павле инаку е хоспитализиран веќе неколку недели во Бања Ковиљача.
известува: B92