Можен е атентат врз патријархот Вартоломеј
 
 
 
 
 

Можен е атентат врз патријархот Вартоломеј (08.05.2007)

Генералниот секретар на Светскиот совет на црквите Самуел Кобиа предупреди на можни обиди за убиства на вселенскиот патријарх Вартоломеј и ерменскиот патријарх на Истанбул, соопштува атинскиот весник "Вима". Предупредувањето се содржело во писмо што на 1 мај му било предадено на раководителот на мисијата на Турција во ОН. Во него, по повод случувањата во Турција, се настојувало да бидат преземени мерки на заштита на религиозните малцинства во земјата.

"Во последните месеци се регистрирани закани против животот на двајцата црковни лидери во Турција, кои се членови на Светскиот совет на црквите - Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први и ерменскиот патријарх на Истанбул Месроп Втори", се вели во писмото на Самуел Кобиа.

Во документот на генералниот секретар на Светскиот црковен совет, во кој се обединети над 300 црковни и верски заедници и од 100 различни земји, се споменуваат обидите за убиства на христијани во последно време во Турција. "Би сакале да го изразиме пред Владата на Турција сериозното неспокојство за убиствата и за другите закани, испратени кон членови и водачи на религиозни заедници во Турција", истакнува Самуел Кобиа.

известува: дневниот весник „Вечер“