Започна со работа православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“
 
 
 
 
 

Започна со работа православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“ (26.05.2007)

Со благослов на патријархот Московски и Руски Алексиј II, на територијата на Русија започна со работа 24-часовна православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“.

 

Според замислата на организаторите на проектот, услугата треба да му помогне на секој човек во секое време да добие одговори на важни прашања од личниот, семејниот живот, од основите на православната вера. Освен тоа, православната мобилна служба може да им помогне и на боготрагателите како и на оние што само размислуваат околу примањето на Светата Тајна Крштение.

 

Службата „Дознај од свештеникот 09399“ се состои од девет редовно апдејтувани дела, кои овозможуваат да се добие информација за подготовката кон примањето на православните Свети Тајни, за црковниот календар, богослужбите, молитвите, светињите на Москва и Подмосковјето, како и да се слушне совет од свештеник на некое прашање.

 

Како што забележа раководителот на прес-службата на Московската патријаршија, свештеникот Владимир Вигиљански, една од главните задачи на овој проект е на трагателот да му се понудат неопходните ориентири во дадената ситуација, за тој потоа да може да го направи правилниот избор.

 

Услугата овозможува не само да се слушнат понудените одговори, туку и да му се постави сопствено прашање на свештеникот.

 

Според зборовите на организаторите, цената на услугата е минимална, а средствата ќе одат на нејзиното техничко опслужување. Услугите ќе може и бесплатно да се користат на бројот 8-800-505-9399.

 

Проектот е подготвен и реализиран од православната група „Верност“ во соработка со компанијата „Московски телеграф“, а телекомуникациски партнер на проектот е компанијата „Аудиотеле“.

Контакти: тел. 8-915-197-96-61, 8-926-293-03-20.

Официјален сајт на службата: www.09399.ru

e-mail: vopros@09399.ru

 

извор: Патриархия.ru