Училиштето и религијата веќе не се сметаат за нешто неспоиво (16.07.2007)
Министерството за образование на Белорусија потпиша тригодишна програма за соработка со Белоруската Православна Црква. Во сегашно време училиштето и религијата веќе не се сметаат за нешто неспоиво, изјави Митрополитот Мински и Слуцки Филарет, егзарх на Рускиот патријарх за Белорусија. Владиката Филарет истакна дека во современиот свет е многу тешко да се одгледа образован и духовно богат човек без консолидација на усилби на родителите, воспитувачите и духовништвото. Како еден од резултатите на таква заедничка дејност архипастирот го наведе намалувањето на детскиот криминалитет – за 10 % во мината година и за 20% во првото полугодие во 2007 година.
Современиот човек не може да се смета за доволно образован без основните знаења од веронауката, рече Митрополитот Филарет. Оваа година во Слуцк за првпат беше организирана духовно-просветителска акција „Семејство – единство и љубов“, која има за цел да го привлече вниманието на општеството кон неопходноста за зачувување на вредностите на семејството и кон проблемите при воспитувањето на децата. Во рамките на акцијата е и пополнувањето на училишните библиотеки со книги од областа на духовно-моралното воспитување.
Се планира Министерството за образование и Белорускиот егзархат да спроведат повеќе заеднички советувања, конференции и други акции по прашањата на духовно-моралното воспитување и здрав начин на живот.
Известува: http://www.mospat.ru/index.php?page=37002