Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Грузија
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Грузија (11.10.2007)

На 12 октомври патријархот Вартоломеј ќе ја посети Грузија, за да учествува во свеченостите по повод 30-годишнината од интронизацијата и 75 години од раѓањето на Грузискиот патријарх Илија II. Цариградскиот патријарх и Грузискиот патријарх ќе отслужат Молебен во катедралниот храм на Света Троица. На 14 октомври ќе биде отслужена Божествена Литургија во градот Мцхета. Патријархот ќе се поклони на гробот на света рамноапостолна Нина, просветителка на Грузија. Во чест на посетата на Цариградскиот патријарх ќе биде одржан концерт во Тбилиси. На патријархот Вартоломеј ќе му биде доделена титула почесен член на Грузиската академија.  

 

Од 9 до 15 октомври во Тбилиси се одржува межународна конференција посветена на свети Максим Исповедник, организирана од Грузиската патријаршија и Меѓународниот богословски центар „Свети Максим Исповедник“, раководен од епископот на Тсагери и Лентехи г. Стефан. Програмата вклучува повеќе предавања, посета на различни места, поврзани со свети Максим - местото каде што тој живеел во последните години и неговиот гроб. Освен локални учесници, предавања ќе одржат епископот Атанасиј Јевтиќ (Србија), о. Илија Халифех (Антиохиска патријаршија, Оксфорд), протоереј Марк-Антоан Коста де Борегар (Франција), Бригита Шраде (Германија), Жан-Клод Ларше (Франција), мајка Нектарија Маклиј (САД).  

 

Извор: Orthodoxie, Pravoslavie.bg