Берлински архиепископ Марк: само една епархија на Задграничната Црква избегна раскол
 
 
 
 
 

Берлински архиепископ Марк: само една епархија на Задграничната Црква избегна раскол (04.11.2007)

Митрополитот германски и берлински Марк раскажува за тешката положба којашто настана во Руската Задгранична Црква после потпишувањето на Актот за канонско единство со Московската Патријаршија на 17 мај 2007 година. Тој забележа пред учесниците на конференцијата „Православна Русија“ во Москва дека „во споредба со лесниот“ процес на канонското обединување, внатрешната состојба на Руската Задгранична Црква се усложни заради многубројните расколи.

Според архиерејот после 17 мај „изникнаа нови, се осмелувам да кажам, расколи во Задграничната Црква кога некои свештеници и парохии создадоа свои псевдоцрковни организации“. Според него најтешка е положбата во Јужноамериканската епархија на РПЗЦ, која повеќе од 20 години постои „без нормално архиерејско управување“. Таму само две парохии останаа под јурисдикција на РПЗЦ, останатите преминаа во раскол. Анализирајќи ги причините за случувањата, Архиепископот Марк забележа: „Тоа ја покажува и нашата сопствена слабост: ние не успеавме во доволен степен да го подготвиме народот да влезе во општење со Московската Патријаршија.“

Однесувањето на оние, кои „нѐ напуштаат без вина“, „поради неразбирање и збунетост“ придот кон нив треба да е „крајно мек, сочувствен, неосудувачки“. Има надеж дека тие „откако ќе го видат нормалниот црковен живот кај нас, да се вратат“. „Но, има и нешто што треба да бидат отсечено“, со жалост рече Архиепископот. „Бидејќи целото прашање е многу комплицирано: ние сѐуште сме во недоумица како да се однесуваме кон нив.“

 

Единствената епархија која успеа да го избегне расколот, е онаа управувана од него самиот – Германската епархија. Архиерејот го објасни овој успех со фактот дека со текот на годините уште во почетокот на преговарачкиот процес, во Германија редовно се одржуваа средби на клирици од двете паралелни епархии – на Руската Православна Црква и на Руската Задгранична Црква. На тие средби „остро, но веднаш со љубов“ се разгледуваа најострите прашања: за правилното извршување на Крштението, „за катехизација на Русите и оние што не се Руси“ итн. На тој начин во епархијата се усвои навика за дискусија, па потоа беше многу полесно во преговарачкиот процес.

 

Според архиепископот Марк деветте заседанија на Мешаната комисија за дијалог не поминаа веднаш глатко: „Понекогаш навечер се разделувавме во таква состојба, што не бевме сигурни дали наредното утро ќе се собереме повторно за да ги продолжиме преговорите.“

Добриот крај на работата на Комисијата – потпишувањето на Актот за канонско единство не може да биде разбран надвор од тајните на Црквата“, подвлече архиепископот Марк. „Ние веднаш ги признавме нејзините таинства. Ова сфаќање ја исклучува верзијата за мешање на политичката во обединувањето на Рсуаката Црква“.

 

Извор: Dveribg.net