Ватикан не сака да го продолжува дијалогот со православните без Руската Црква
 
 
 
 
 

Ватикан не сака да го продолжува дијалогот со православните без Руската Црква (17.11.2007)

Православно-католичкиот дијалог не може да се развива без учество на Московската патријаршија, изјави на Папскиот совет за христијанско единство кардиналот Валтер Каспер, кој е и сопретседател на Мешаната православно-католичка комисија за дијалог. „Нема сомнеж, дека ние сакаме Руската Црква да продолжи со своето учество. Тоа е многу важна Црква. Ние не бараме дијалог без учество на Русите и ќе работиме на постигнувањето на таа цел“, изјави кардиналот Валтер Каспер во интервју за радио „Ватикан“. Освен тоа, тој истакна, дека и покрај несогласувањата кои настанаа за време на октомвриската седница во Равена, поради меѓуправославен проблем поврзан со признавањето на статутот на Естонската Црква, Ватикан беше спремен да содејствува во разрешувањето на проблемот.

Извор: Благовест-инфо