Болните од рак веруваат во чудотворната сила на свети Нектариј Егински
 
 
 
 
 

Болните од рак веруваат во чудотворната сила на свети Нектариј Егински (23.11.2007)

Институтот по онкологија и радиологија на Србија го одбележа споменот на грчкиот светител, кому се припишуваат две илјади направени чуда.

 

Голем број верни ја посетија Грција и се поклонија на моштите на свети Некатриј Егински, светител на новото време (1846-1920), чиј ден се празнуваше вчера. На светителот му се припишуваат чудотворни исцелителни сили, особено за болни од рак. Манастирот, којшто е од него основан во Егина, го посетуваат поклоници од целиот свет и мнозина од нив не кријат дека добиле исцеление над неговите мошти кои после упокојувањето во 1920 година се мироточиви.

На свети Нектариј Егински му се припишуваат две илјади чуда и тоа обајснува зошто во различни студии го нарекуваат „земен ангел – небесен човек“. Според православното верување од свети Нектариј исцеление добиле болни од рак, парализа, Паркинсонов синдром и нервни болести, бубрежни болести и болести на очите. Затоа, не е чудно што мноштво здравствени институции, а пред сѐ Институтот по онкологија и радиологија на Србија, го имаат за свој заштитник. Мошти на овој светител, освен во Егина, се наоѓаат насекаде низ светот, и црквите што ги имаат го сметаат тоа за голема благодат. Во Српската Православна Црква неговите мошти се наоѓаат во манастирот во Раковица, каде што патријархот Герман ги донел после една кратка посета на Грција. Во Бугарија моштите на свети Нектариј Егински се чуваат во Руенскиот манастир, с. Скрино (Бобошево).

Извор: Православие.бг