Во посета на Грчкиот архиепископ
 
 
 
 
 

Во посета на Грчкиот архиепископ (02.12.2007)

Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј, со благослов на Српскиот патријарх Павле го посети во Атина поглаварот на Грчката Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција г. Христодул.

Состојбата на Грчкиот архиепископ Христодул во последните 24 часа е влошена. Затоа лекарите не можеа да ја применат планираната хемотерапија за седмицата, бидејќи во белиот дроб се насобрала течност и лекарите стравуваат од секундарни реакции. Атинскиот Архиепископ, кој е болен од рак, сѐ уште се наоѓа во својот дом во Психико, каде што има лесна дневна програма со една до две средби со политички лица или духовници. Вчера, тие беа одложени. Лекарите сакаат да го префрлат во болницата заради нови испитувања.

Извор: Spc.yu, Dveri.bg


P.S. Да се помолиме за него.

(од редакцијата на сајтот на МПЦ)