Митрополитот Кирил изјави дека РПЦ сака да го продолжи дијалогот со Ватикан
 
 
 
 
 

Митрополитот Кирил изјави дека РПЦ сака да го продолжи дијалогот со Ватикан (10.12.2007)

Во интервју за ватиканскиот весник Osservatore Romano” претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот смоленски и калининградски г. Кирил изјави дека независно од привремените потешкотии богословскиот дијалог меѓу Московската Патријаршија и Католичката црква треба да продолжи. „Го осознавме важното значење на развојот на односите меѓу двете страни. Мислиме дека е корисно нашата соработка да стане уште поблиска на широкото поле на дијлог меѓу религиите“, изјави митрополитот Кирил.

Интервјуто е дадено во врска со официјалната посета на Митрополитот Кирил на Рим од 5 до 8 декември 2007 година, по повод патрониот празник на руската православна парохија „Света Екатерина Александриска“ и средбата со папата Бенедикт.

Според Митрополитот Кирил решителен чекор, кој треба да биде направен од двете страни на патот на взаемно зближување, е освестувањето на фактот дека двете христијански заедници припаѓаат на едно семејство, а не се „странци“ и „непријатели“.

Рускиот духовник смета дека секуларизмот во современиот свет е толку предизвикувачки, на што христијаните треба да се спротивстават заедно обединети во вредностите кои ги споделуваат: „Очекуваме и посакуваме позитивен развој на нашите односи, за да можат конечно руските католици да живеат во мир со православните Руси. Во една голема земја како што е Русија, во која живеат многу христијански конфесии и различни религии, од големо значење е искрената желба за дијалог. Католиците и православните сѐ повеќе се чувствуваат обединети поради многубројните предизвици на современиот свет и секуларизацијата. Тоа треба да нѐ охрабри да сведочиме заедно за христијанските вредности во општеството.

Известува: Pravoslavie.bg