Рускиот патријарх Алексиј II ја поддржува идејата Путин да биде премиер, а Медведев претседател на Русија
 
 
 
 
 

Рускиот патријарх Алексиј II ја поддржува идејата Путин да биде премиер, а Медведев претседател на Русија (16.12.2007)

Рускиот патријарх Алексиј II го поддржува предлогот на вицепремиерот Дмитриј Медведев упатен до Владимир Путин за тој да стане премиер по истекувањето на претседателскиот мандат, ако Медведев биде избран за претседател на државата.

 

„Доколку постои таква комбинација за нов претседател и доколку Владимир Владимирович Путин ја даде својата согласност, сметам дека тоа ќе биде голем благослов за Русија“, рече Алексиј на NTV во четвроткот.

 

Оваа комбинација „ќе овозможи да се одржи континуитетот којшто Владимир Владимирович го водеше во последните 8 години“, рече тој.

 

Под претседателство на Путин, Русија доживеа значајни промени, а се зголеми и нејзиното влијание на меѓународната арена, рече патријархот.

 

„Би можело да биде тешко за човек, кој беше број еден во земјата и нејзин национален лидер, сега да биде претседател на Владата на Руската Федерација. Секако, познавајќи го Владимир Владимирович, можам да признаам дека неговите амбиции и гордоста никогаш не превладеале во неговата работа“, рече тој.

 

Патријархот ја истакна „несебичната посветеност на Владимир Владимирович на својата татковина, неговата љубов за нашата татковина и огромните напори кои ги прави за доброто на нашата татковина, нејзината сила, и нејзиниот развој, за доброто на народот.“

 

Извор: Orthodoxnews