Изложба на фотографии посветена на православните манастири и цркви во Македонија, отворена во Украина
 
 
 
 
 

Изложба на фотографии посветена на православните манастири и цркви во Македонија, отворена во Украина (22.12.2007)

Во Днепропетровскиот историски музеј е отворена фото-изложба „Бог ја создаде Земјата за живот“.

Авторот на изложбата, Јуриј Викторович Муханов, член на локалната група на фотографи и член на Националниот сојуз на новинари, им претстави на гледачите 50 најдобри фотографии со изгледот на православна Македонија.

 

Фотографот не случајно го одбра Охрид за цел на своето патување. Градот се нарекува Словенски Ерусалим поради огромниот број на споменици на културата. „Унеску“ го вклучи Охрид во списокот на заштитетни градови, а за самите Македонци тој е свето место во нивната држава.

 

Особено внимание на фотографот му привлече манастирот на свети Наум, кој е основан во 11 век; црквите и манастирите кои се наоѓаат на брегот на Охридското езеро, опкружено од сите страни со густа шума.

 

„Сите фотографии се направени на крајот на месецот април оваа година, во благословениот период на цутење и на прекрасно време. Мене ме вдахнови тоа што сите Македонци, од мал до голем, со голема топлина и радост се однесуваат кон Украина и Украинците. Се надевам дека ќе успеам на гледачите да им ја пренесам таа топлина, и сум Му благодарен на Бога за можноста да го направам ова патување“, рече авторот на изложбата.

 

Извор: Patriarhia.ru