Светиот Синод на Српската Православна Црква го изрази својот став по однос на решението на Романската Црква за формирање на нејзина епархија на канонска територија на Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Светиот Синод на Српската Православна Црква го изрази својот став по однос на решението на Романската Црква за формирање на нејзина епархија на канонска територија на Московската Патријаршија (14.01.2008)

Неговата Светост Српскиот патријарх Павле му испрати писмо на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј во кое го изрази ставот на Српската Православна Црква околу решението на Романската Патријаршија за формирање на три епархии на канонска територија на Руската Православна Црква.

 

„Светиот Архиерејски Синод во потполност ги поддржува вашити усилби, направени за востановување на нормален канонски поредок во Молдавија – во традиционалната канонска област на Московската Патријаршија“, се вели во писмото.

 

Неговата Светост Патријархот Павле особено истакнува дека „нарушувањето на канонското предание е во основата на создавањето на таканаречената Бесарабијска митрополија“. Поглаварот на Српската Православна Црква укажува дека овие околности принудуваат да се квалификува бесарабијскиот проблем како „прашање, кое ги надминува рамките на помесен карактер“ и кое има „важни последици на Полнотата на Православието“.

 

„Во врска со овие нови случувања ја споделуваме со Вас Вашата загриженост за општиот сеправославен поредок и устројство на Православната Црква на сеправославно ниво“, истакна Неговата Светост, напомнувајќи, дека историјата на возобновувањето на Бесарабијската митрополија е поврзана со „еден од мрачните периоди на светската историја – времето на нацистичката окупација“. Во заклучокот Неговата Светост патријархот Павле ја изрази надежта за успешно регулирање на јурисдикцискиот конфликт „во полза на православното единство и сведоштво на мир, кои ни се толку потребни за да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот, според зборовите на апостолот“.

 

Извор: Патриархиа.ру