Во недела Бугарскиот патријарх Максим ќе ракоположи нов епископ на БПЦ
 
 
 
 
 

Во недела Бугарскиот патријарх Максим ќе ракоположи нов епископ на БПЦ (16.01.2008)

На 20 јануари во патријаршискиот соборен храм на свети Александар Невски, Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим и архиереите од Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, ќе отслужат Божествена Литургија на која ќе биде извршена епископска хиротонија. За епископ ќе биде ракоположен архимандритот Даниил, клирик на Неврокопската епархија.

Наречението на новиот епископ ќе биде извршено на 19 јануари во 10 часот, во синодалната палата, од Бугарскиот патријарх Максим и Светиот Синод во полн состав.

По хиротонијата новиот епископ ќе биде викарен на Неврокопскиот митрополит Натанаил.

 

 

Извор: Дверибг.нет