Путин го посети хамот на свети Александар Невски и се поклони на моштите на светителот-патрон на овој храм
 
 
 
 
 

Путин го посети хамот на свети Александар Невски и се поклони на моштите на светителот-патрон на овој храм (19.01.2008)

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера го посети храмот на свети Александар Невски во Софија. Путин и бугарскиот претседател Георги Прванов запалија свеќи и се поклонија на моштите на светиот кнез Александар Невски, предадени како дар на храмот од Рускиот патријарх Алексеј во октомври 1998 година во чест на 50-годишнината на подворјето на БПЦ во Москва.

 

Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим му подари на претседателот на руската држава икона со ликот на светиот цар Борис Покрстител. Путин од своја страна на Бугарскиот патријарх му подари книга со коментар на трудовите на свети Тихон Задонски на бугарски јазик напишана од схимонахот Јован (Маслов). После тоа тој се потпиша во книгата за почесни гости и го напушти храмот заедно со бугарскиот претседател.

Извор: Православие.бг