Новиот устав на Романската Црква го потврди „формирањето“ на трите епархии во Молдавија и Украина
 
 
 
 
 

Новиот устав на Романската Црква го потврди „формирањето“ на трите епархии во Молдавија и Украина (25.01.2008)

Новиот Устав на Романската Православна Црква ги потврди промените во својата организациона структура, донесени на заседанието на Светиот Синод во октомври 2007 година. Поконкретно, уставот потврдува „востановување“ на трите епархии во составот на непризнатата од Московската патријаршија „Бесарабска митрополија“ на територијата на Молдавија и Украина – решение кое предизвика протест од страна на Руската Православна Црква, молдовските и украинските власти. На тој начин, „Бесарабската митрополија, автономна и старостилна“, наречена во уставот уште како „егзархиска земја“, денеска се состои од 4 епархии: Кишиневска архиепископија и епархиите Белцка, Јужнобесарабска и Дубосарска.

Новиот устав на Романската Православна Црква беше потврден од Романската Влада мината седмица заменувајќи го претходниот стар устав од 1948 година.

Извор: Interfax.ru