Првоерархот на Руската Задгранична Црква Митрополитот Лавр ќе ја посети Москва
 
 
 
 
 

Првоерархот на Руската Задгранична Црква Митрополитот Лавр ќе ја посети Москва (15.02.2008)

Од 18 до 29 февруари 2008 година, делегација на Руската Задгранична Црква, предводена од претседателот на Архиерејскиот Синод на РЗПЦ Митрополитот Лавр, ќе ја посети Москва. Делегацијата ќе земе учество во свеченостите по повод именденот на Рускиот Патријарх Алексиј II. Таа ќе учествува во богослуженијата со кои ќе чиноначалствува Рускиот Патријарх Алексиј: на 24 февруари – на сеноќното бдение во Богојавленскиот соборен храм и на 25 февруари на Божестевната Литургија во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва.

 

Извор: Патриархиа.ру