Поглаварот на Руската Црква зеде учество во изборите за претседател на Руската Федерација
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Црква зеде учество во изборите за претседател на Руската Федерација (02.03.2008)

На 2 март, по завршетокот на неделната Божествена Литургија, Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II зеде учество во изборите за претседател на Руската Федерација, а исто така и во изборите за органите на локалната самоуправа. Гласањето на поглаварот на Руската Црква традиционално се одржа во работната резиденција на Патријаршијата.

Обраќајќи им се на членовите на избирачката комисија и присутните новинари на гласањето, Патријархот рече: „Денес за Русија е многу важен ден. Денес се избори за нов претседател на Руската Федерација. Сметам, дека најнапред сме должни да му заблагодариме на Владимир Владимирович Путин, кој во текот на осум години безрезервно ѝ служеше на Русија.

Се надеваме дека оној кој ќе го избере рускиот народот, ќе го продолжи она што го направи В. В. Путин. На новиот претседател му посакувам успех во одговорното служење за доброто на Русија и нашиот народ.“

Поглаварот на Руската Црква исто така изрази надеж што избирачите го исполнуваат својот граѓански долг, и што денешните избори поминуваат успешно.

 

Извор: Patriarhia.ru