За новопреставениот во Господа Митрополит Лавр
 
 
 
 
 

За новопреставениот во Господа Митрополит Лавр (19.03.2008)

Во Руската Задгранична Православна Црква и Московската Патријаршија не се исклучува можноста за канонизација на поглаварот на РЗПЦ Митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, кој имаше главна улога во востановувањето на црковното единство и кој се упокои на празникот на Победата на Православието во недела во Свето-Троицкиот манастир во Џорданвил (САД) во 81 година од животот.

„Ние изгубивме прекрасен човек. Тој беше жив светител, со кој имавме можност да општиме. Затоа добивме молитвеник на оној свет“, рече личниот секретар на Митрополитот Лавр свештеникот Серафим Ган.

Да се зборува за канонизацијата, според него, „секако е рано“. „Но кога вчера влеговме во храмот, во себеси почувствував дека се поклонуваме не на обичен покојник, туку на останките на праведник, кој даде и остави пример за љубов и смирение“, истакна отец Серафим.

Тој е убеден дека церемонијата на простувањето со Митрополитот Лавр која ќе се одржи во Џорданвил во петок, ќе се претвори во вистински празник.

„Неговото изненадно упокојување го примивме со голема тага, сите сме во шок“ – призна соговорникот.

Според него, владиката бил настинат, се чувствувал слабо за време на последното богослужение, кашлал, но никој не ја очекуваше неговата смрт.

„Овој човек беше вистински молитвеник и го живееше животот на Црквата. Тој доаѓаше во храмот со сите браќа, во 4.30 наутро, палеше свеќи... Тој сите нѐ воодушевуваше не толку со зборовите, колку со својот пример, смирение и љубов“, напомна секретарот на поглаварот, кој секогаш беше покрај него, особено последните години.

 

Првата недела од Великиот пост Митрополитот Лавр ја помина во молитви и богослуженија, на браќата и поклониците им читаше поучни слова од делата на светите Отци и учители на Црквата. Минатиот петок, последниот, го читаше поучното слово на преподобен Ефрем Сирин за љубовта.  

 

„Тој сецело Му се довери на Бога предавајќи се на Неговата волја. Сѐ, и добро и лошо, го примаше како дар Божји и како промисла Божја“, појасни о. Серафим.

 

„Владиката беше многу строг кон себеси, а снисходлив кон другите, но и со еден поглед нѐ смируваше“.

 

Тој имаше ракоположено многу свештеници во САД, Европа и Австралија.

„Сите нѐ познаваше многу добро – ние сите сме воспитувани во неговата семинарија, внатре во манастирот; тој знаеше, кого каде да го назначи... На сите нас тој ни беше отец“.

 

„Владиката Лавр беше исклучително скормен човек, вистински монах“ и благодарение на тоа имаше огромен авторитет, беше почитуван и возљубен меѓу сите раселени Руси. „Без него би било невозможно и да се помисли за какви било преговори со Московската Патријаршија за востановување на црковно единство“.

 

„Тој успеа да ја надмине разделбата, препреките, токму со својата љубов“.

 

До изборот за нов поглавар, Руската Задгранична Православна Црква ќе ја возглавува првиот заменик на претседателот на Архиерејскиот Синод архиепископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Иларион. За тоа соопшти секретарот на Архиерескиот собор на РЗПЦ епископот Менхетенски Гаврил. Според неговите зборови, ваквиот поредок е одреден со црковниот устав. Што се однесува до изборот за нов поглавар, за тоа „не донесуваме никави решенија додека не поминат 40 дена“ од упокојувањето на Митрополитот, нагласи епископот Гаврил.

 

Извор: Blagovest-info