Востоличувања на новоизбраните Епископи во Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Востоличувања на новоизбраните Епископи во Романската Православна Црква (25.03.2008)

Денес, на празникот Благовештение (според нов календар), Патријархот на Романската Православна Црква Даниел отслужи Света Литургија во црквата на Светото Благовештение во Тулчеа, по повод востоличувањето на Неговото Преосвештенство Висарион Балтат за епископ на Тулчеа.

Во црквата на Успението на Пресвета Богородица во Слатина, денес беше востоличен за епископ на Слатина Неговото Преосвештенство Себастијан Паскану. Церемонијата на востоличувањето за време на Светата Литургија ја возглави Митрополитот на Олтенија Теофан во сослужение со мнозина архиереи, свештеници и ѓакони.

 

Извор: Trinitas.ro