Преговори на делегациите на Цариградската Патријаршија и Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Преговори на делегациите на Цариградската Патријаршија и Московската Патријаршија (27.03.2008)

На 26 март 2008 година во Цирих (Швајцарија) се одржаа преговори меѓу делегациите на Цариградската и Московската Патријаршија.

Со благослов на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, Цариградската Патријаршија ја претставуваа Митрополитот пергамски г. Јован, Митрополитот галски Емануил и заменикот на главниот секретар на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија архимандритот Вартоломеј (Самарас).

Делегацијата на Московската Патријаршија со благослов на Рускиот патријарх Алексиј ја сочинуваа Митрополитот крутицки и коломенски Јувеналиј, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот смоленски и калининградски Кирил и секретарот на ОВЦС МП за меѓуправославни односи протоереј Николај Балашов.

Се разгледуваа прашањата за црковната положба во Естонија и за перспективите за продолжување на православно-римокатоличкиот богословски дијалог.

Во меморандумот што беше донесен стои дека двете страни се согласуваат дека во рамките на преговорите треба да се постигне сеопфатна согласност, што ќе вклучува решение во врска со прашањето околу недвижниот имот во Естонија, како исполнување на договорот во Цирих од 1996 година, и решение во врска со прашањето околу канонскиот статус на црковната јурисдикција на Цариградската и Московската Патријаршија во земјата.

Исто така беше разгледувано прашањето за богословски дијалог меѓу Православната и Римокатоличка Црква после заседанието на Мешаната меѓународна седница во Равена. Oткако констатираа дека имаат различни мислења по тоа прашање, двете страни признаа дека е неопходно да се продолжи дискусијата.

 

Извор: Mospat.ru