Поглаварите на Помесните Православни Цркви упатија посланија до верните за Велигден
 
 
 
 
 

Поглаварите на Помесните Православни Цркви упатија посланија до верните за Велигден (29.04.2008)

Поглаварите на Помесните Православни Цркви упатија посланија до верните поздравувајќи ги по повод светлиот празник Пасха.

„Колку е голема љубовта Божја кон нас! Оние што Го оставија, Он не ги остави. Оние кои од Него отстапија и одбраа живот по своја волја, Он ги очисти примајќи страданија и смрт. На во гревови изнемоштените, Он им го откри патот на покајанието и духовната обнова – патот кон вечниот живот. Да Му заблагодариме на Господа за Неговата милост и човекољубие! Да Му заблагодариме како чеда што Го љубат, чеда коишто можат да се засолнат од неволји и опасности во домот на Отецот!“, се вели во посланието на Рускиот Патријарх Алексиј II.

„Видовме како Христос во Својата безмерна љубов кон нас страдаше на крстот, умираше и беше погребен заради нас и заради нашето спасение. Поклонувајќи Му се на Оној Кој стана од мртвите, слушнавме од Него: „Радувајте се!“ и „Мир вам!“ – се вели во посланието на Цариградскиот патријарх Вартоломеј.

„Ја чувствуваме радоста на мирот меѓу луѓето, во семејството, во општеството, меѓу народите, во целото човештво. Никој не сака немир во својата куќа. Но ние, луѓето, не можеме сами себеси да си дадеме мир. Така што, една од целите на присуството на Христос во нашиот свет е да го направиме тој свет со вера, љубов и морална сила, кои што ги црпиме од Неговата жртва“, пишува Александрискиот патријарх Теодор.

„Стоејќи со големо благоговение и длабоко молејќи се во тага во оваа светлоносна ноќ, на ова свето место, насред земјата, каде што Бог го устрои спасението на луѓето, ние не само што се сеќаваме, туку и учествуваме во тајната на тридневното Воскресение на Синот Божји од мртвите“, пишува во Пасхалното послание на Ерусалимскиот патријарх Теофил.

„Во времето, кога темнината се обидува да го опфати човековиот живот, чувствувам потреба да ви се обртам како отец кон децата и како брат кон браќата и да ве поканам во нашиот дом, Црквата, за да ја споделиме светлината и радоста на Воскресението“, се обрати кон верните Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним.

Известува: Patriarhia.ru