Редовно заседание на Светиот Синод на Грчката Црква
 
 
 
 
 

Редовно заседание на Светиот Синод на Грчката Црква (14.06.2008)

Во вторник, на 10 јуни 2008 година се одржа заседание на Светиот Синод на Грчката Православна Црква.

На заседанието под претседателство на Неговото Блаженство Грчкиот архиепископ Иероним, членовите на Светиот Синод ги разгледаа следните прашања:

1. За земјотресот од 8 јуни со епицентар во областа на Ахаја и Илија. Со благослов на поглаварот на Грчката Црква невладината добротворна организација „Солидарност“ им достави на повредените значителна испорака на хуманитарна помош. Светиот Синод на Грчката Православна Црква донесе решение на повредените од земјотресот да им пружи мaтeријална помош во висина од 500 илјади евра.

2. За програмата на одржувањето на празничните свечености посветени на основачот на Грчката Црква светиот апостол Павле. Во програмата се планира свечена Вечерна на 28 јуни со учество на архиереите-членови на Светиот Синод во храмот на светиот апостол Павле во градот Коринт, Божествена Литургија на 29 јуни во храмот на светиот апостол Павле во Атина и Вечерна на 29 јуни на местото на проповедта на Aпостолот на Ареопагот во подножјето на Акропол.

3. За првата официјална посета на Грчкиот архиепископ Иероним на Цариградската патријаршија и за преговорите, кои се одржаа меѓу претставниците на двете Цркви. Како резултат на преговорите беше потврдено дека страните постојано ќе го почитуваат патријаршискиот Акт од 1850 година и патријаршискиот и синодален Акт од 1928 година, потвредни со решение на вонредниот Архиерејски Собор на Грчката Православна Црква на 28 мај 2004 година, дека ќе соработуваат на рамниште на соодветните претствништва на двете Цркви во Европската унија. Констатирана е исто така важноста на единството со Цариградската Црква - Мајка. Напоредно со тоа, кога стана збор за Цариградската Патријаршија, беше искажан став за неопходноста на целосно зачувување на автокефалноста на Грчката Црква.

Светиот Синод на Грчката Православна Црква го назначи Преосветениот митрополит Навпактски Јеротеј (Влахос) за претседател на Специјалната Комисија за пастирски прашања. Беше донесено решение за свикување на Архиерејскиот Собор на Грчката Црква на 24 јуни 2008 година поради пополнување на три испразнети митрополитски катедри: Левкадската и Итакската, Тивејската и Левадејската и Паронаксиската, а исто така решение за избор на тројца нови викарни епископи за Илијската, Јоанинската и Калавритската митрополија. На Синодот беше назначена датата на одржувањето на Архиерејскиот Собор на Грчката Црква од 1 до 4 октомври 2008 година.

 

Извор: Patriarhia.ru