Цариградскиот патријарх го осуди востановувањето на романската епархија во Бесарабија (15.06.2008)
Цариградскиот патријарх Вартоломеј I испрати писмо до Рускиот патријарх во кое ја објаснува позицијата на Цариградската Патријаршија во врска со решението на Романската Патријаршија за востановување на трите епископии на т.н. Бесарабиска митрополија на територијата на Република Молдавија.
Патријархот смета дека новите епископии не можат да бидат создадени на „национална основа“. Во писмото на Патријархот се искажува загриженоста затоа што „секој пат, кога се поткопуваат духовните мотиви при созадавањето на дадена епископија или друга структура на Црквата, се појавуваат страшно големи проблеми.“
Извор: Gardianul