Филм за Византија (29.09.2008)
„Ова е филм за Византија – Православната цивилизација која постоела во скоро неизменет облик повеќе од илјада години. Таа имала важно влијание на соседните држави и народи од Индија до Шпанија. Византија била вистинска преемница на доцната Римска империја. Оттаму е и историското име на оваа држава – Ромеја (терминот „Византија“ почнал да се употребува дури кон крајот на 18 век). За Варварите-Германци, коишто од 4 до 6 век се имаат населено на територијата на Европа, државата со главниот град Константинопол била образец на стабилност и поредок, идеал на човечко однесување кон ближниот. Својот духовен опстанок Грците, Грузијците, јужните и источните Словени му должат на византиското Православие. Дури воочи нејзината пропаст оваа империја ги восхитувала европјаните со високиот степен на својата култура.“
Автор на филмот е архимандрит Тихон, намесник на Московскиот Сретенски манастир, ректор на Сретенската духовна семинарија.
Филмот можете да го погледнете на следниот линк: http://www.vizantia.org/docs/171.htm