Изјава на Цариградската патријаршија во врска со Соборот на помесните Православни Цркви
 
 
 
 
 

Изјава на Цариградската патријаршија во врска со Соборот на помесните Православни Цркви (09.10.2008)

Цариградската патријаршија објави соопштение за претстојниот Собор на поглаварите на Православните Цркви во Истанбул. Во соопштението се вели:

Цариградската Патријаршија во рамките на свеченостите, одржани во 2008 година којашто беше прогласена, како штое познато, за година посветена на свети апостол Павле, свикува од 9 до 12 октомври во Истанбул собор на поглаварите на Православните Цркви од целиот свет. На ова големо и важно случување лично присуство потврдија патријарсите: Александрискиот Теодор (Египет), Антиохискиот Игнатиј (Дамаск, Сирија), Ерусалимскиот Теофил, Московскиот Алексиј (Русија), а исто и архиепископите: Кипарскиот Хризостом, Атинскиот и на цела Грција Иероним, Тиранскиот и на цела Албанија Анастасиј, Чешкиот и Словачки Христофор; и на автономните Цркви: Финскиот Лав и на цела Естонија Стефан. Српската, Романската, Грузиската и Полската Црква ќе бидат претставувани од архиерејски делегати.

Работата на соборот ќе започне на 10 октомври во патријаршиската црква на свети Георгиј Победоносец во Фанар, а ќе заврши наредниот ден – 11 октомври. После крајот на работата на соборот поглаварите на Православните Цркви ќе се обратат со свое послание, коешто ќе биде прочитано на 12 октомври за време на Божествената Литургија којашто ќе се одржи во патријаршиската црква од сите поглавари, на чело со Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Во рамките на свеченостите во годината на свети апостол Павле, во овие денови во Фанар ќе се одржи и меѓународен библиски симпозиум, на којшто ќе земат учество како поглаварите и делегатите на Православните Цркви, така и специјалисти, библиски богослови и професори од целиот свет, коишто ќе изнесат свои трудови.

Вечерта, на 12 октомври, со специјален авионски лет на турските авиокомпании ќе започне поклоничко патување на сите спомнати лица на некои места каде што бил свети апостол Павле а се под канонска јурисдикција на Цариградската патријаршија, поточно: Ефес, Анадолија, Пергија, Линдос на островот Родос и Кали лименес на островот Крит. На 16 октомври во Ираклион на Крит ќе заврши библискиот симпозиум и со авион учесниците ќе се вратат во Истанбул.

Обичајот да се одржуваат собори на поглаварите на Православните Цркви беше воведен од Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј веднаш по неговиот избор, со цел да овозможи и да се демонстрира единството на Православната Црква, но исто така и да се постигне координација на помесните Православни Цркви во врска со актуелни прашања на современиот свет. Како што е познато, вакви собори на поглаварите се одржани во 1992 година во Фанар, во 1995 г. на Патмос, во 1998 година во Софија, во 2000 година во Ерусалим, Истанбул и Никеја (Витинија), и во 2005 година во Фанар.

 

Издадено до Патријаршијата

На 7 октомври 2008 година

Секретаријат на Светиот Синод на Цариградската патријаршија

 

Извор: Ec-patr.org