Отслужена заупокоена Литургија за Рускиот патријарх Алексиј во храмот на патријаршиската резиденција
 
 
 
 
 

Отслужена заупокоена Литургија за Рускиот патријарх Алексиј во храмот на патријаршиската резиденција (06.12.2008)

Вечерта на 5 декември телото на починатиот поглавар на Руската Православна Црква Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј беше пренесено во храмот на иконата на Мајката Божја  „Скоропослушница“ (Онаа што брзо ги услишува молитвите) во патријаршиската резиденција во Переделкин, каде што во текот на целата ноќ над гробот на починатиот се читаше Евангелие и се совршувале литии.

Денес наутро во храмот е отслужена прва заупокоена Литургија. Богослужението го возглави настојателот на Свето-Даниловиот манастир архимандрит Алексиј (Поликарпов).

Согласно желбата на Неговата Светост Алексиј, тој ќе биде погребан во Богојавленскиот соборен храм, каде што се наоѓаат моштите на небесниот покровител на Неговата Светост митрополитот Московски Алексиј.

Извор: Патриархиа.ру