Патријархот Вартоломеј денес пристигна во Москва
 
 
 
 
 

Патријархот Вартоломеј денес пристигна во Москва (08.12.2008)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј денес пристигна во Москва, за да земе учество во опелото и погребението на новопреставениот Руски патријарх Алексиј II. Тоа решение е донесено на вонредната седница на Светиот Синод на Цариградската патријаршија во недела. Патријархот Вартоломеј е придружуван од Архиепископот на Америка Димитриј, митрополитот на Трануполи Герман, архиѓаконот Максим и еклисијархот Венјамин. Делегацијата на Патријаршијата се враќа во Истанбул на 10 декември.

 

 

 

 

Извор: Двери.бг, Ромфеа