Во Московското претставништво на Православната Црква во Америка вознесени молитви за убиените деца со абортус
 
 
 
 
 

Во Московското претставништво на Православната Црква во Америка вознесени молитви за убиените деца со абортус (14.01.2009)

На 11 јануари, на денот на споменот на праведниот Јосиф Обручникот и 14.000 деца-маченици во Витлеем, настојателот на храмот на света великомаченичка Екатерина (претставништво на Православната Црква во Америка при Московската Патријаршија) архимадрит Закхеј (Вуд) во сослужение со парохиското духовништво отслужи Божествена Литургија.

Согласно Евангелието, децата биле убиени во Витлеем по наредба на нечестивиот цар Ирод веднаш по раѓањето на Богомладенецот и станале први маченици за Христос.

Подобно на Витлеемските маченици, милиони деца се лишуваат од живот како резултат на гревот на абортусот. Од таа причина на овој ден, кога Црквата ги празнува тие свети маченици, се читаат посебни молитви за убиените со абортус.

За време на Божествената Литургија во храмот на великомаченичката Екатерина веднаш по сугубата ектенија беше вознесена специјална молитва, која традиционално се чита во парохиите на Православната Црква во Америка.

По завршетокот на богослужението клириците од парохијата направија официјално соопштение на Православната Црква во Америка за гревот на абортусот и отслужија заупокоена литија за децата убиени во утробата на мајката.

 

Извор: Patriarhia.ru