Во Дивеево свечености по повод 176 години од упокојувањето на преподобен Серафим Саровски
 
 
 
 
 

Во Дивеево свечености по повод 176 години од упокојувањето на преподобен Серафим Саровски (16.01.2009)

Во четвртокот, на 15 јануари, на денот на 176 години од упокојувањето на преподобен Серафим Саровски, во Троицкиот соборен храм на Свето-Троицкиот Серафимо-Дивеевски женски манастир беше отслужена Божествена Литургија.

По завршетокот на Божествената Литургија, Владиката Георгиј рече: „Преподобен Серафим Саровски имаше особен молитвен дар. По молитвите на преподобен Серафим човекот се ослободува од гревот и Му се приближува на Бог. Неговата Светост Патријархот Алексиј особено го почитуваше отецот Серафим. Во време, кога Патријархот Алексиј беше поглавар на Руската Православна Црква, моштите на свети Серафим Саровски ја поминаа Русија од Москва до Дивеево. Наскоро ни претстои да избереме поглавар на Руската Православна Црква. Да го молиме отец Серафим, да не нѐ остави нас во своите молитви пред Господ и да даде трпение, смирение и решителност на епископите“.

 

 

        

 

        

 

                                          

 

Извор: Patriarhia.ru