Архиерејскиот Собор избра тројца кандидати за Московскиот Патријаршиски престол
 
 
 
 
 

Архиерејскиот Собор избра тројца кандидати за Московскиот Патријаршиски престол (25.01.2009)

Вечерва, на 25 јануари 2009 година, членовите на Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква избраа тројца кандидати за упразнетиот Московски Патријаршиски престол. Тие се: Местобљустителот на Патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, управителот на Московската Патријаршија Митрополитот Калужски и Боровски Климент и Егзархот на Патријаршијата во Белорусија Митрополитот Мински и Слуцки Филарет.

Согласно пребројувањето на избирачката комисија во гласањето зедоа учество 198 архиереи. Според резултатите на гласањето Местобљустителот на Патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил доби 97 гласа. Митрополитот Калужски и Боровски Климент доби 32 гласа, а Егзархот на Патријаршијата во Белорусија Митрополитот Мински и Слуцки Филарет – 16 гласа.

 

        

 

             

 

Извор: Патриархиа.ру