Во храмот на Христос Спасителот започна работата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Во храмот на Христос Спасителот започна работата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква (27.01.2009)

На 27 јануари 2009 година во Москва започна работата на Помесниот Собор на Руската Православна Црква. Седниците ќе се одржат во соборната црква на Христос Спасителот.

Пред отворањето на Соборот во храмот, каде што веќе се собрани свештеници, монаси и мирјани – делегати на Помесниот Собор, преку западната врата влегоа Преосветените архиереи во мантии.

Местобљустителот на патријаршискиот престол Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил отслужи Молебен пред копијата на почитуваната Теодоровска икона на Мајката Божја.

Потоа Митрополитот Кирил ја прочита Грамотата на Архиерејскиот Собор за свикување на Помесен Собор на Руската Православна Црква од 27-29 јануари во градот Москва во соборниот храм на Христос Спасителот и го објави Соборот отворен. Сите присутни на заседанието го изговорија Симболот на верата.

 

Извор: Патриархиа.ру