Поглаварот на Грузиската Православна Црква е пуштен од болница
 
 
 
 
 

Поглаварот на Грузиската Православна Црква е пуштен од болница (30.01.2009)

Поглаварот на Грузиската Православна Црква Илија II во четвртокот вечерта е пуштен од болница каде што беше однесен пред неколку дена заради силна вирусна инфекција.

„Состојбата е задоволителна, Поглаварот на Црквата излезе од болница. Вирусната инфекција се лекува“ – соопштува директор на клиниката Фридон Тодуа.

Но, нагласи дека не му препорачува на Патријархот патување во странство.

Претходно, извор од Грузиската Патријаршија соопшти дека Грузискиот патријарх Илија планираше патување за Москва по повод интронизацијата на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, но Поглаварот на Грузиската Црква е принуден да ја откаже таа посета.

Во Москва ќе отпатува грузиска делегација од 5 луѓе предводена од Владиката Теодор. Раководителот на прес-службата на Грузиската Патријаршија Давид Шарашенидзе соопшти дека делегацијата ќе отпатува за Москва на 30 јануари.

„Мислев да одам за Москва и да земам учество во интронизацијата на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, но, за жал, не можам и затоа испраќам делегација, која ќе му честита од мене и од целата Грузиска Црква.“ – изјави Патријархот Илија.

Извор: Патриархиа.ру