Претставници на Карелија предложија еден од островите на Валаамскиот архипелаг да се нарече со името на Неговата Светост Патријархот Алексиј
 
 
 
 
 

Претставници на Карелија предложија еден од островите на Валаамскиот архипелаг да се нарече со името на Неговата Светост Патријархот Алексиј (30.01.2009)

Парламентот на Карелија на 29 јануари му наложи на депутатскиот комитет за  државно уредување во врска со прашањата за локална самоуправа и национална политика да подготви предлог на закон островот Скитској, од Валаамскиот архипелаг на Ладожско езеро, да се преименува во остров на Патријархот Алексиј Втори.

 

Иницијативата за промената на името на островот доаѓа од хуманитарниот сојуз на Валаамскиот Спасо-Преображенски машки манастир, со кој управуваше починатиот Патријарх.

 

Повеќето депутати немаа ништо против овој предлог: на седницата на парламентот на Карелија е потврдено дека Патријархот Алексиј Втори не еднаш доѓаше во таа република и дека многу допринесе за зацврстувањето на Православието во северниот крај и за возобновувањето на Валаамската обител.

 

После бурна дискусија 30 претставници од законодавниот собор на Карелија изгласаа да се подготви предлог на законот за овековечување на споменот за Патријархот Алексиј Втори. Имаше само пет противници на оваа иницијатива.

 

Извор: Патриархиа.ру